| четврток, 6 декември 2018 |

Сандра Калниете: Сите мора да ги прифатат резултатите од овие избори, бојкотот води кон ќорсокак

Драги пријатели од ВМРО-ДПМНЕ, тука сум во Свети Николе во име на Европската народна парија и во име на нејзиниот претседател Жозев Дол. Тука сум да ве поддржам како долготраен партнер на ЕПП, ние сме заедно повеќе од 10 години и ние сме тие кои ја поддржуваме европската интеграција на балканскиот регион- порача од митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе, Сандра Калниете, потпретседател на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент.

-На 11 декември, вие, граѓаните на оваа прекрасна земја ќе излезете на избори и среќна сум што конечно ќе се одржат избори. Вие и ние во Европа, вложуваме многу надеж во овие избори и во ВМРО. Вие не можете да разочарате. Изборите треба да бидат слободни, фер, транспарентни и мирни за земјата да се придвижи напред. Тоа ќе помогне да се негува вашиот пат кон Европа. Но, треба да знаете дека овие избори не се крајот, туку нов почеток. Тие даваат шанса за цврсто мнозинство, стабилна влада и национален консензус за евроатлантската интеграција. Овие избори даваат шанса со уште поголема одговорност да се тргне напред кон реформи за сите граѓани.

-И уште една многу важна порака. Сите мора да ги прифатат резултатите од овие избори и да учествуваат, бојкотот води кон ќорсокак- нагласи Сандра Калниете.

Потпретседателот на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент се заблагодари за улогата на Македонија во справувањето со мигрантската криза, но за жал, додаде, таа не е завршена и ние сметаме на вас.

-Исто така сакам да ви честитам за сработеното под водство на ВМРО-ДПМНЕ за добрите резултати во економскиот развој. Странски инвеститори доаѓаат во Македонија, создаваат работни места и обезбедуваат подобри плати. Но, мора да знаете дека уште повеќе инвеститори ќе доаѓаат ако продолжите да делувате, да се борите против корупцијата, го јакнете независното судство и обезбедите владеење на правото. Ние ЕПП ќе го помогнеме ВМРО-ДПМНЕ да води одговорно инклузивно и правично- нагласи претставникот од ЕПП во СВети Николе.

-Овие избори се единствена шанса за Македонија,  ваша шанса да изберете кој ќе ја води вашата земја и каква ќе биде вашата иднина. Ви посакувам успех вам и на вашиот тим, можете да сметате на нашата поддршка- порача Сандра Калниете потпретседател на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top