-Денес тука во Крушево сакаме да соопштиме една битна разлика во однос на младите и образованието. Кога Шекеринска беше вицепремиер за младите луѓе се доделуваа стипендии во висина од три ипол милиони евра, a ВМРО-ДПМНЕ оделува 11 милиони евра стипендии за младите луѓе кои што се успешни во образованието, изјави Антонио Милишоски носител на изборната единица 5 денеска од Крушево.
-Овие средства ќе се зголемуваат и во иднина, а ќе се доделуваат и стипендии за 100-те најдобри универзитети во светот, а исто така она што е важно во Македонија е дека најдобрите студенти од најдобро рангираните универзитети во Република Македонија ќе бидат вработени директно во државна администрација како успешен пример и поддршка во нивната кариера, потенцираше Милошоски.
Тој исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш имала конкретни политики за поддршка на младите посебно во делот на образованието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Бугарија доби легално право да ја попречува Македонија во своите аспирации