Првиот дел од прес конференцијата ќе го посветам како продолжение на вчерашната тема за штетноста на договорот потпишан за добро соседство помеѓу Македонија и Бугарија. Особено колку е штетен и ризичен сега и во иднина членот 12 од овој договор каде што е предвидено дека во рок од 3 месеци од влегувањето во сила на овој договор двете држави ќе основаат заедничка меѓу владина комисија, изјави денеска на прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заедничката меѓу владина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно со цел за преглед на ефективната примена на овој договор. Што значи тоа? Тоа значи дека оваа меѓувладина комисија зависно од политичкото расположение во соседна Софија, зависно од тоа дали тие сметаат дека некој учебник е доволно изменет, дека некој споменик е тргнат или корегиран, дека некоја историска личност или настан е прилагоден на нивните желби. Преку оваа меѓувладина комисија за надзор и спроведување на билатералниот договор ќе добијат легално право да ја попречуваат Македонија во своите аспирации, рече Милошоски.
Тоа попречување, нагласи тој, може да биде постапка за блокирање на отворање на одредено поглавје или постапка за блокирање за затворање на одредено поглавје за преговори за Европската Унија.
-И доколку имаме една претпоставена ситуација дека во соседна Бугарија имаме историски и прозападни и просоветски политички сили, кои што се добро етаблирани. Нема да биде никакво изненадување доколку во некоја од следно време имаме евро-скептична или нато-скептична влада во соседна Софија. И нивните намери можат да ги остваруваат преку попречување, политичко попречување и злоупотребување на потпишаниот штетен договор помеѓу Македонија и Бугарија. Затоа сметаме дека владата треба додека има време да се повлече од потпишаниот договор помеѓу Македонија и Бугарија, бидејќи истиот има суштински недостатоци. И на среден и на долг рок ќе отвора повеќе спорни прашања отколку што ќе затвора прашања, рече Милошоски.
Нема да ја гради довербата помеѓу македонскиот и бугарскиот народ напротив ќе отвора дополнителни стереотипи.
-Ние ќе направиме се во Собранието на Република Македонија овие теми да ги отвориме. Но укажавме и пред да биде потпишан договорот, кажуваме и денес откако еден договор ќе биде потпишан во Собрание истиот нема можност да биде надополнет со било какви амандмани. Тоа беше кукавичкиот потег на господинот Заев што не го даде договорот на јавна расправа пред да биде потпишан кога се уште имавме време дел од амандманите кои што сметавме дека суштински ќе го подобрат текстот да бидат вградени за да може и Софија и Македонија да го потпишат договорот на достоинствен начин, заклучи Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милошоски: Во недостаток на аргументи за постигнатото, се изигрува процедурата за ратификација
-
Милошоски: Димитров и Заев го занемаруваат нашиот примарен аргумент во односите со Грција, не бараат да се признае пресудата од Хаг
-
Милошоски: СДСМ не гласаше за амандаман за штетите од земјотресите во Ресен, Охрид и Струга
-
Парламентарното мнозинство одби да го стави на дневен ред договорот со Бугарија