| четврток, 6 декември 2018 |

Рекламниот спот за новиот македонски филм „Соба со пијано“


Ова е рекламниот видеоспот за филмот „Соба со пијано“ од режисерот Игор Иванов Изи, со кој на 14 септември ќе биде отворено 34. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Филмот е приказ на различни животни судбини доведени на единствена локација, од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Главните улоги ги толкуваат Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветковиќ, Васил Зафирчев, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Торстен Вогеш, Ива Крајнц, Дениз Абдула, Јагода Кумриќ, Фирдаус Неби и Невена Ристиќ.

– Оваа студија на епизодни карактери, поместена на единствена локација, е огледало на сета хипокризија, апсурд и на сета декаденција на генерацијата на која ѝ припаѓаме и искрено верувам дека со сопствената актуелност, естетска рамка и со уникатноста ќе успее да допре до различните генерациски, социјални и културни нивоа на македонската кинопублика. „Соба со пијано“ обединува извонредно интернационална авторска и актерска екипа, на која сум ѝ бескрајно благодарен на безрезервниот влог во проектот, особено во доменот на катерката игра, на фотографијата и на музиката, кои на проектот му овозможуваат вонредна артистичка и продукциска вредност – вели Изи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top