| четврток, 6 декември 2018 |

Ново каменување на автобус на ЈСП, повреден возачот

Вчеравечер во 22.10 часот телефонски во ЕИК , И.Р. (38) од с.Арачиново, скопско, возач на автобус на ЈСП Скопје, пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто“, во близина на местото викано „Три Куќи“, додека управувал автобус, непознат сторител фрлил бекатон плочка во ветробранското стакло.

Истото се скршило, а И.Р. се здобил со повреди на во пределот на очите и бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. После укажаната помош И.Р. бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

И во вторникот вечер, на истото место, беше каменуван автобус на ЈСП. Повредено беше 17-годишно момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top