| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно откритие за загинувањето на фудбалерите – Авионот останал без гориво, бидејќи играчите барале видео игра

avion

Авионот кој во вторникот се сруши во Колумбија со целиот тим на Чапекоенс, доцнел со полетувањето од аеродромот во Боливија бидејќи посадата барала видео игра која еден од фудбалерите ја ставил во багажот.

Оваа информација ја изнесува Дејли меил и тврди дека поради ова доцнење авионот не застанал во Коби, каде требало да дотури гориво. Слетувањето во овој град било невозможно, бидејќи аеродромот не работел по полноќ.

Причината за доцнењето ја открила една порака која е пратена во групата каде играчите комуницирале. Играчот на бразилскиот клуб Демерсон Коста, кој не бил во авинот, открил дека неговите соиграчи правеле шега во авионот, бидејќи еден од нив заборавил да ги извади видео игрите од багажот. Летот поради тоа доцнел бидејќи заедно со посадата  се обидувал да ги извади оттаму.

avion2

Британскиот весник наведува дека пилотот на авинот пред полетувањето бил предупреден дека можеби ќе нема доволно гориво. Меѓутоа пилотот, поради доцнењето го игнорирал ова предупредување, а при доаѓањето во Медељина морал да чека ред за слетување иако немал доволно гориво. Капацитетот на резервоарот бил доволен за 4 час, а овој авион пред да се сруши бил во воздух 4 часа и 20 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top