Во сабота, 10 декември 2016 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет, по подолга пауза, ќе биде изведена една од водечките белканто опери „ЛУЧИЈА ОД ЛАМЕРМУР“ на Гаетано Доницети. Во насловната улога ќе имаме можност да ја чуеме нашата Ана Дурловски. Улогата на Лучија се смета за врв во т.н. колоратурно пеење. Ана Дурловски, добитничка на европски „Оскар“ од германското јазично подрачје, за врвна интерпретација, настапува и на престижните оперски сцени во светот, познатата „Метрополитен“ опера во Њујорк, Виенската државна опера, миланската „Ла Скала“ и многу други сцени во светот.
Во другите улоги ќе настапат: Марјан Јованоски, Зоран Сотиров, Марјан Николовски, Александар Стефановски-бас (во моментов живее и работи во Германија), Николина Јаневска и Јане Дунимаглоски.
Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, инаку шеф диригент во Македонската опера и балет за тековната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.