Кире Наумов, кандидатот за лидер на СДСМ, ги кани противкандидатите Зоран Заев, Игор Ивановски и Зоран Јовановски на неформална средба, на која би разговарале за новите случувања по синоќешниот Извршен одбор на партијата.
– На средбата со секретарот на СДСМ, Андреј Петров, во просториите на СДСМ, ме извести дека Извршниот одбор донел одлука со која ја прифаќа мојата кандидатура за претседател на СДСМ на конгресот на втори јуни. Воедно, Петров ме извести дека е направена мала промена на роковникот и официјалното претставување на кандидатите по општинските организации ќе почне од понеделник, 20 мај. Целта на ова одложување било да се остави време на останатите тројца кандидати евентуално да се договорат за намалување на бројот на кандидатури. Во духот на мојата заложба за фер, демократска и сопартијска кампања ќе ги поканам останатите кандидати на заедничка неформална средба во текот на денот – вели Наумов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


