Еден базен во хотел во Мароко стана популарен преку ноќ поради само една единствена фотографија. Кога модната блогерка Лорен Булен се пожали дека непознат човек ја прогонува и прави исти фотографии како нејзините на места што ги посетила таа, не ни сонуваше дека на тој начин ќе му помогне на еден хотел да си го подобри работењето.
На пример, објавила фотографија од базен во еден марокански хотел и од тогаш тоа место за шлапкање стана толку популарно што сопствениците на хотелот не знаат што да прават со гостите.
Хотелот се вика „Ријад Јасмин“ и се наоѓа во Маракеш во Мароко. Сопственици се Габриел Парис и Алис Тасери од Франција.
-Немам каде да ги сместиме гостите отакако беше објавена таа фотографија. А и на Инстаграм почнаа да нѐ следат илјадници луѓе.
Според пишувањата на специјализирани сајтови, ноќевање во тој хотел чинии 95-125 евра.
Откако базенот го прослави хтелот во светот, Габриел и Алис решиле да привлечат уште травел блогери. Спровеле истражување кое покажало дека пресудно за нивното работење е и заклучиле дека 80 проценти од гостите доаѓаат откако ќе ги видат сликите на „Инстаграм“ и на „Пинтерест“.
A photo posted by Chloé Beaumont (@chlofee) on
Овој хотел со седум соби месечно им нуди сместување на двајца-тројца блогери.
A photo posted by Paulinha Sampaio (@paulinhasampaio) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се извадиле и ножеви: Две лица побарале снимки од хотелот, а кога сопственикот ги одбил го нападнале
-
Проблематичен бетон се става во охридскиот базен? Нападнат главниот надзорник зошто ја стопирал изградбата
-
Колку чини ден во базените низ Скопје?
-
Колку месеци пред да ви истече пасошот може да патувате во странство?