| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев кине мрежи како во добрите стари времиња (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец ги постигна првите два погодока во дресот на Џенова, а неговиот тим со 4-3 славеше во дуелот против екипата на Перуџа

Благодарение на капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев, фудбалерите на Џенова обезбедија пласман во 1/8 финалната рунда од Купот на Италија.

Македонскиот интернационалец влегува во препознатливата форма од минатото и постигна два гола, а неговиот тим со 4-3 славеше во дуелот против екипата на Перуџа.

Џенова во осминафиналето ќе се сретне со Лацио, клуб во кој Пандев помина пет сезони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top