Веќе нема сомнеж дека Шерил Кол и Лијам Пејн го очекуваат првото дете заедно, и покрај разликата од 10 години. Благодарение на видео снимката која неодамна се појави, сега знаеме и како се започнало.
Шерил имала 24 години кога првпат го запознала Лијам Пејн 2008 година на аудиција за популарната емисија Икс фактор, каде таа била дел од жирито. Иако тогаш имал само 14 години, Лијам настапил со голема самодовреба и и намигнал на својата сегашна девојка.
Убавата пејачка мислела дека тинејџерот е сладок и дека има потенцијал. Токму во моментот кога пеел„со други зборови малечка бакни ме“, тој ја погледал пејачката и и намигнал и тоа ја освоило.
Тогаш Лијам стигнал до полуфиналето, кога Сајмон го исфрлил од својата категорија. Повторно се сретнале 2010 година, кога Лијам стигнал до финале и станал член на групата „Уан дирекшн“ со која постигна голем успех.
Тие се движеле во исти кругови, па во декември 2015 година ја започнале романсата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)