| четврток, 6 декември 2018 |

Во терминот за одигрување на мечот, 30.000 Колумбијци навиваа за бразилскиот Чапекоенсе (видео)

capekoense

Првиот натпревар од финалето на „Копа Судамерикана“ требаше да се одигра синоќа со почеток од 00.45 часот по европско време.

Се беше подготвено за голем спектакл да не се случеше авионската несреќа во Колумбија во која загинаа речиси сите фудбалери на финалистот, бразилскиот тим Чапекоенсе. Сепак, во Меделин навивачите на домашната екипа Атлетико Национал го исполнија стадионот до последното место направија атмосфера како што доликува на едно финале, но со тажни лица и многу солзи во очите им оддадоа последна почит на загинатите фудбалери на Чапекоенсе.

„Вамос вамос Чапе“ ечеше од повеќе од 30.000 навивачи на домашната екипа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top