Две жени направија општ хаос на паркинг во Лос Анџелес, приредувајќи сцена како од филмот „Брзи и бесни“.
Наводно, се почнало кога едната и го пресекла патот на другата, а потоа оваа ја застанала на најблискиот паркинг.
– Мислев дека сака на паркингот да размениме податоци околу осигурувањето, но таа ме турна наземи и почна да ме клоца. Викаше: „ми го пресече патот“, а јас повторував дека ми е жал, но не сум го сторила тоа, рече за Ен-Би-Си 33-годишната Јаја Шабаж од Атланта, сопственичката на Тојота РАВ-4, која одела на гости кај својот брат во Лос Анџелес.
Потоа, другата жена извадила чекан од своето Бе-Ем-Ве Икс-3 и почнала да удира по другото возило. Шабаж во тој момент влегла во својот автомобил и почнало демолирањето.
Од полицијата неофицијално известуваат дека тие две веројатно се познаваат од порано, како и дека ги кријат вистинските причини за тепачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)