| четврток, 6 декември 2018 |

Пешевски: Нови работни места се отвораат со дополнителни инвестиции

Кој е патот до отворање на нови работни места? На оваа тема во Отвореното студио на ТВ НОВА зборуваше вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски.

„Нови работни места се отвораат со дополнителни инвестиции, а на тоа претходи создавањето на поволна бизнис клима, со цел инвестициите да растат. До 2006-та имавме структура на економијата каде БДП односно компонентата на БДП се движеше околу 20 проценти. Оваа компонента беше доволна за одржување, но не и за развој на системот. Со сите мерки што ги направивме за подобрување на бизнис климата, во делот на формирање на централниот регистер, во делот на давање на градежни дозволи, во делот на разни субвенции и даночни олеснувања, сето тоа придонесе да го подобриме рангирањето на Дуинг Бизнис од 94-то да дојдеме до 10-то место во светот и 5-то место во Европа“, изјави Пешевски.

Тој додаде дека во изминатиот  10 годишен период инвестирани се вкупно 20 милијарди евра и истите создале 160 илјади работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top