Да опстоеше Југославија, пред два дена ќе навршеше 73 години. Некои историчари сметаат дека Тито сакал да создаде уште поголема Југославија, која требало да прерасне во светска сила.
Историчарката Сабрина Рамет наведува дека Тито сакал да создаде една интегрална Југославија, која би имала погранични подрачја Македонија, Грција, Бугарија и Албанија, целата италијанска Фурланија – Јулска Краина и дел од австриска Корушка.
Во државата на јужните Словени се спомнува дека би пристапиле Бугарија и Албанија, во Бугарија оваа идеја ја поддржувало движењето Звено, кое учествувало во државниот удар во земјата во 1934 г.
Дури и Британците ја поддржале идејата за Голема Југославија, која била актиелна во текот на Втората светска војна. Но, меѓународните услови не биле такви за а може да се реализира овој сон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.