Го изградивме еден од најдобрите стадиони во балкански рамки, а ќе продолжиме со поттикнување на спортот, истакна денес носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Никола Попоски.
-Во тој дел имаме предвидено намалување на даноците и давачки за приватните фирми кои ќе поттикнуваат спортски активности и кои ќе инвестираат во спортот, а дополнително имаме предвидено во новата програма и носење на странски тренери кои ќе можат да пренесат искуство, да креираат кадар тука и конечно да обучат македонски спортисти кои ќе носат победи за Македонија – посочи Попоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.