| четврток, 6 декември 2018 |

Шеталe на плажа и намирисале силна смрдеа – Oна што го пронашле им донело 70 000 долари

kamen-plaza-zarada

Пар од Британија Гери и Анџела Вилијамс, одлучиле едно утро да се прошетаат на плажата близу нивниот дом во Ланкашир. Кога стигнале до место каде не движеле многу луѓе, почувствувале силна реа за која мислеле дека доаѓа од мртви риби.

Наместо да се тргнат што подалеку, тие се одлучиле да го побараат изворот на смрдеата, а она што го пронашле им донело мало богатство. Тие откриле дека миризбата доаѓа од чуден „камен“, за потоа Гери да се сети на нешто слично за што гледал на телевизија.

Овој камен всушност бил грутка од повраќаница на кит, а ова се нарекува Амбергрис. Станува збор за сексрет кој го произведуваат китовите, а бидејќи многу ретко се наоѓа, вреди многу пари.

Амбергрис се користи во индустријата за производство на парфеми и е неверојатен фиксатор кој прави мирисот да трае многу подолго. Парот во моментов преговарал со компании од Нов Зеланд и Франција, а за нивниот камен тежок 1,57 килограми ќе добијат околу 70 000 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top