Шпанскиот туристички центар, градот Палма де Мајорка отсега ќе се вика само Палма, одлучи регионалниот парламент на Бaлеарскиот Остров кој гласаше за промена на името.
Повеќето од жителите градот го нарекуваат Палма и така се појавува на сообраќајните знаци. Меѓутоа, Палма де Мајорка е знакот што им посакува добредојде на туристите на аеродром и се користи од страна на шпанската власт и многу мапи.
Ова е третата промена на името во последните години и веројатно нема да биде последна.
Социјалистите го сменија на Палма во 2008 година, но конзервативната Народна партија се наврати на Палма де Мајорка во 2012 година и ветува дека пак ќе го направи истото доколку дојде на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.