| четврток, 6 декември 2018 |

Реал и Атлетико ќе го играат финалето на кралскиот куп на Шпанија

Екипите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вечерва на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид ќе го одиграат финалето на „Кралскиот куп“

real madrid and atletico madrid

Мала предност во финалето ќе има Реал Мадрид поради настапот на својот стадион, но капацитетот на трибините е рамноправно поделен.

Атлетико ќе треба да игра и против традицијата бидејќи долг период немаат победа над градскиот ривал, кој, пак, оваа сезона нема пораз на домашен терен во сите натпреварувања.

Реал Мадрид има освоено 18 пехари во купот, а има и 19 порази во финалето, додека Атлетико има освоено 9 пехари, од кои 8 на стадионот на „лутиот ривал“.

Најуспешна екипа во шпанскиот куп е Барселона со 26 трофеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top