| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот играч на Челси за 2012/13 година

Шпанскиот репрезентативец и играч на Челзи, Хуан Мата е прогласен за најдобар играч на клубот во сезоната 2012/13

huan mata

За поранешниот играч на Валенсија ова е големо признание, кое доаѓа како резултат на одличните игри во дресот на „сините“ од Лондон.

25-годишниот фудбалер од средниот ред во 2011 година се пресели од Валенсија во Челси и стана миленик на навивачите на „Стемфорд бриџ“.

– Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, кои имаат голем придонес за моите добри игри. Тие се фантастични. Имаме 24-25 врвни фудбалери и секој од нив беше потенцијален добитник на ова признание – изјави Мата по добивањето на наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top