Тие се млади, музички потковани, талентирани и симпатични момци. Филип и Раде или „Nune Brothers“ свират откако знаат за себе. Трубата и саксафонот се нивната определба, нивниот живот. Трубата е врзана за Филип, а саксафонот му припаѓа на Раде. Овие наши момци со вистинско срце ја изучуваат македонската музика и со сигурност испишуваат една нова страница на овие наши простори.
Тие периодов станаа актуелни, не само кај нас, туку и насекаде каде што настапуваат низ светот, преку уникатниот проект „Next level“ во кој се спојуваат повеќе правци од музиката и првпат нешто вакво се создава на нашата музичка сцена.
- Проектот преставува микс на неколку музички стилови, како што се џез, реге, свинг, салса, самба и друго. Најважно за проектот е тоа што поседува балкански призвуци, како македонски, бугарски, српски, ромски, романски и влијанија од останатите балкански земји. Пред повеќе од една година станавме членови на оркестарот на Есма Реџепова и секаде сме со неа на настапите во земјава и надвор од неа, а овој проект го запознавме токму со продукцијата која стои зад кралицата на ромската музика – велат Филип и Раде.
Како теми за обработка се земаат светски познати композиции од класичната и поп-музика, но Филип и Раде Нуне се погрижија да создадат нови дела во овој аранжман со помош на својот бенд кој се состои од 6 члена.
Овие фантастични момци Македонци, кои уште од сега се одлични амбасадори на македонската музика, имаат многу планови и голем ентузијазам за работа. Тука сме да ги поддржиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


