
Позната е лошата ситуација помеѓу пилотите на Мерцедес и покрај големите успеси на екипата во последните неколку години. Луис Хамилтон и Нико Розберг од блиски пријатели се претворија во лути ривали на патеката, што доведе до нарушениот однос помеѓу двата.
– Луис е еден од најголемите пилоти на сите времиња. Тој вози на многу високо ниво во последните неколку години. Меѓутоа, нашиот однос тешко дека ќе се промени. Тој ќе остане лош поради тоа што сме од иста екипа и се бориме за шампионската титула. Знаевме да бидеме добри пријатели како деца, но сега сѐ е поинаку и барем остана меѓусебната почит. Тоа помага по малку за нашиот однос да остане на професионално ниво – вели новиот шампион во Формула 1.
По две години зад Британецот, Нико Розберг стигна до својата прва титула оваа година откако го искористи секој кикс на својот ривал и на крај заслужено се радуваше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


