Со создавањето урбани подрачја целта ни е да ги приближиме работата и домувањето и да создадеме услови за градење станови, појасни министерката за градежништво, Барбара Хендрикс од Социјалдемократската партија на Германија, по претставувањето на иницијативата во Берлин.
Во урбаните подрачја ќе бидат намалени некои услови, како што е најголемото ниво на дозволена врева, коишто досега го спречуваа градењето станови во некои реони.
Друг елемент за поттикнување на градењето станови е и субвенцијата во висина до 20.000 евра за семејствата што имаат намера да градата или да купат недвижнина. Субвенцијата е предвидена за семејствата со годишни примања до 70.000 евра.
Како што објаснува министерката Хендрикс, Министерството за градежништво веќе интензивно разговара со Министерството за финансии за да се осигурат средства за овие субвенции.
Со доаѓањето на огромниот број имигранти и бегалци, но и од сите делови на Европската унија, во Германија последните години се зголеми проблемот со недостиг од станови, особено за становите за граѓаните со пониски лични примања.
Според бирото за статистика на ЕУ, Евростат, процентот на граѓани што живеат во сопствен дом, кој во Германија изнесува 52 отсто, е меѓу најнискиот процент во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.