Ситуацијата во кошаркарскиот табор на Србија, пред настапот на Европското првенство во Словенија е хаотична, а под огромен притисок е селекторот Душан Дуда Ивковиќ. Неколкумина кошаркари веќе му завртеа грб, го откажаа настапот на шампионатот, а сега и медиумите објавија информација дека ќе биде сменет по завршувањето на ЕП, кое се игра во септември.
Србија е во група со Македонија и нам ни одговара хаотичната состојба во таборот на северниот сосед. Во Јесенице ќе играме со нив, потоа против БиХ, Црна Гора, Летонија и Литванија.
Српските медиуми објавија дека наследник на Ивковиќ ќе биде Саша Обрадовиќ, актуелниот тренер на Алба Берлин и поранешен српски репрезентативец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.