| четврток, 6 декември 2018 |

Најденов продолжува да „бомбардира“, нова жртва на торпедото беше Победа (видео)

rabotnicki

Бојан Најденов уште еднаш покажа зошто важи за еден од најатрактивните фудбалери во Првата лига, откако фудбалерот на Работнички постигна нов еврогол, овојпат на дуелот против Победа. „Романтичарите“ се најдоа во негатива, а потоа при резултат 1-1 долго се мачеа да го скршат отпорот на прилепчани.

Тогаш на сцена стапи Најденов, кој со фантастичен удар од над 30 метри го матираше гостинскиот голман, носејќи им радост на „романтичарите“ на овој натпревар, кој заврши со конечна победа на Работнички од 3-1.

Само за потсетување, Бојан Најденов минатиот месец постигна уште еден фантастичен погодок, кога со еврогол од слободен удар му ја донесе на својот тим победата на дуелот со Македонија ЃП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top