Деветгодишно девојче почина од срцев удар последица од стрес на само два дена пред да сведочи против дедото на својата другарка обвинет дека сексуално го злоупотребил несреќното девојче.
Откако одеднаш се струполило во својот дом во Борнова, во турската провинција Измир, девојчето било веднаш префрлено во болница, но лекарите не успеале да го спасат. Тие веруваат дека стресот пто го доживеало од нападот и стравот од соочувањето биле премногу за детското срце.
Girl dies from heart attack days before she was due to give evidence against man accused of sexually abusing her https://t.co/bIWvabBrHF
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 29, 2016
Ј.К. била толку под стрес што по нападот, кој се случил пред 4 месеци, престанала да оди на училиште и посетувала детски психолог, се плашела да остане сама и мокрела ноќе. Наводно ја нападнал Т.Ц. (58), дедо на другарка, кој ја нападнал додека повеќе девојчиња си играле на тераса. Во еден моемнт другите девојчиња се оддалечиле и Ј.К. останала сама. Педофилот наводно ѝ рекол дека ќе ѝ даде кукла за да ја развесели, но наместо кукла, девочето добило трауми.
Несреќната Ј.К. успеала да избега, а родителите повикале полиција. Дедото е уапсен, па со акуција пуштен од слобода да се брани.
Како што се приближувал денот на судењето, девојчето станувало сѐ поанксиозно, а само два дена пред сведочењето, починало.
-Ќерка ми беше многу исплашена, а сега веќе ја нема. Ќе направам сѐ тој човек да биде казнет, рекол таткото на девојчето Т.К.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.