Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, в недела на 4 декември во 20 часот, во Драмски театар во Скопје, ќе се одржи светската премиера на драмската презентација на историската поема „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.
Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од МОБ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видеоарт Милчо Узунов. Во рамките на претставата се користени и 5 слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.
Интересно е да се одбележи дека претставата е во копродукција со парискиот театар „Ici et la“, со оглед на фактот што поезијата на Петре М. Андреевски е преведена на француски, предвиден е и настап во повеќе европски метрополи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
По пауза од 37 години Прилепскиот театар ќе го постави „Пиреј“ на Петре М. Андреевски
-
Ирина Тошева, моден дизајнер: Македонија е непресушна ризница за творечки идеи
-
„Дениција“ на Охридскиот театар во Париз најавена како „Љубовен Молотов коктел од Македонија“
-
Европска премиера на „Дениција“ во Брисел