| четврток, 6 декември 2018 |

Патниците знаеја дека одат во смрт, врескаа и скокаа од седиштата – морничаво сведоштво од паднатиот авион

avion

Ужасните моменти пред падот на авионот кој вчера се сруши крај Медељина во Колумбија со 77 патници и членови на посадата, ги опиша техничарот Ервин Тумири, член на екипажот  и еден од шестмината преживеани.

Тумири раскажал дека исплашените патници почнале да скокаат од своите места и врескаат откако авионот почнал да паѓа, неколку минути пред планираното слетување.

avion2

Тој го преживеал падот бидејќи во клучните моменти се однесувал според безбедносните процедури и не паничел.

-Ги ставив торбите меѓу нозе и зазедов положба на фетус, што се препорачува во ситуација кога е загрозена безбедноста во авиосообраќајот – рекол Тумири на спасителите кој жив го пронашле во трупот на леталото на компанијата Лумиа.

avion3

Химена Суарес, е една од стјуардесите во авионот која исто така преживеа и на локалните медиумите им кажала дека сите светла во авионот биле изгснати кога леталото тргнало во слободен пад.

-На ништо понатаму не се сеќавам – рекла Суарес.

avion4

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top