Трагедијата на фудбалерите на бразилскиот Чапокоенсе предизвика секако големо внимание на светската јавност. На завршените млади животи, пред натпреварот од Лига купот во Англија меѓу Ливерпул и Лидс, посебна почит им дадоа и навивачите на „црвените“ кои вообичаено хорски ја отпеаја легендарната своја химна „You’ll never walk alone“, но овој пат само во чест на жртвите во авионската несреќа.
Покрај химната, свое место на трибината најде и соодветно бразилско знаме, прилагодено во боите на Ливерпул, кое испраќа порака до навивачите на Чопекоенсе дека не се сами во овие тешки моменти.
#ForçaChape pic.twitter.com/35GfAl2k7J
— Liverpool FC (@LFC) November 29, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.