Аргентина по освојувањето на Дејвис Купот се наоѓа на првото место на ранг листата на најдобри тениски репрезентации. Аргентина во финалето во Загреб, славеше победа против Хрватска со 3-2.
За тенисерите на Аргентина, освоената титула од Дејвис Купот е нивна прва во тоа натпреварување. По таа победа „гаучосите“ со 31.817,50 бода го зазедоа врвот на светскиот тенис. Финалистот Хрватска напредуваше за две места и сега се наоѓа на третото место.
Дејвис Куп – ранг листа:
1. Аргентина 31.817
2. Велика Британија 25.408
3. Хрватска 15.702
4, Франција 15.550
5. Швајцарија 13.700
6. Чешка 12.812
7. Белгија 11.073
8. Србија 7.500
9. Австралија 7.093
10. Италија 6.852
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.