| четврток, 6 декември 2018 |

Од ѕвезда до бездомник, популарниот пејач пронајден мртов

Некогаш популарниот пејач Колонел Ејбрамс почина во 68-та година од животот, потврди на социјалните мрежи Ди-Џеј Тјун Херберт, кој во последнава година се обидуваше да помогне на музичарот.

Ејбрамс врвот на кариерата го доживеа во 80-те години на минатиот век, а еден од неговите најголемите хитови беше „Trapped“ од 1985 година. Иако со музиката продолжи да се занимава и во следниот период, кариерата му тргна во надолна ливија, па последните неколку години од животот ги помина како бездомник на улиците на Њујорк.
colonel-abrams-640x366
– Дознав дека Колонел Ејбрамс починал на Денот на благодарноста, по точно една година отакако неговите најверни фанови и јас се обидовме да му помогнеме. Сега веќе не страда и не е „затворен“. Моето сочувство до неговото семејство и фановите во целиот свет, напиша Херберт на својот профил на Фејсбук.

Ејбрамс во последните години од животот боледуал од дијабетес, немал здравствено осигурување и преживувал како бездомник на улиците на Њујорк. Пред една година на иницијатива на Херберт беше покрената хуманитарна акција за него, но помошта не успеа на време да стигне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top