| четврток, 6 декември 2018 |

Урната со пепелта на Фидел Кастро прикажана на Кубанската телевизија

Урната со пепелта на кубанскиот лидер Фидел Кастро била прикажана за прв пат во јавноста во понеделникот на кубанската телевизија во текот на приватната церемонија која ја водел неговиот брат и наследник Раул Кастро.
Дрвената урна, со правоаголен облик, била поставена во собата во министерството за одбрана, во која Раул Кастро бил окружен со воени и цивилни кубански лидери, вклучувајќи го и потпретседателот Мигел Диаз-Канела.

По објавата за смртта на неговиот брат во петокот, Раул објавил дека остатоците на таткото на кубанската револуција ќе бидат кремирани ден подоцна, во сабота, но урната од тогаш не била видена во јавноста.

Во министерството урната била поставена пред црно-бела фотографија од младиот Фидел, а службениците пред неа положувале бело цвеќе и потпишувале заклетва во која ветувале лојалност на “концепцијата за револуција” на Кастро, како што тоа го правела Кубанците ширум островот.
kastro
Во текот на вчерашниот ден десетици илјади Кубанци минувале покрај големите фотографии од Фидел Кастро, сакајќи да му оддадат последна почит на Плоштадот на револуцијата. Но, на сечие изненадување, урната не била поставена на тоа место.

По дводневната церемонија во Хавана, урната четири дена треба да биде носена во “караванот на слободата” ширум Куба, а својот пат ќе го заврши во недела кога ќе биде положена во земја во градот Сантијаго де Куба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top