| четврток, 6 декември 2018 |

Симпатизери и членови на СДСМ уфрлени на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија за да веат албански знамиња и да првоцираат

zname

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија вечерва имаат митинзи во Гостивар и Тетово. Се очекува на вечераните митинзи симпатизери и членови на СДСМ да бидат уфрлени за да веат албански знамиња и да првоцираат со цел да предизвикаат инцидент.

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи по вчерашното истакнување албанско знаме на митингот на СДСМ во Велес. Многу негативни коментари, граѓаните се разочарани и гневни.

zname1

На вчерашниот митинг на СДСМ во Велес, кој беше со рекордно слаб одѕив, се вееше и албанско знаме.

Албанските знамиња веќе станаа редовни на митинзите на СДСМ, благодарение на ветувањата на Заев за двојазичност, која е вовед за кантонизација и за рекомпонирање на државата.

Социјалните мрежи се преплавени со негативни коментари од ваквите постапки на СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев.

komentari3

И кампањата започна насилно – уништени штабови и билборди

По вчерашниот масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Велес, паранојата на СДСМ се зголемува и продолжуваат со уништување на билборди на ВМРО-ДПМНЕ.

ile

Во немоќ и очај на само 12 дена пред изборите, свесни за слабата поддршка која ја добиваат од граѓаните, продолжуваат со уништување на рекламните паноа на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат во Велес.

На првиот ден на предизборната кампања вандали во Струмица ги уништија предизборните промотивни политички материјали на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“. Два дена подоцна, во пресрет на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во Неготино, оштетени беа два штаба на владејачката партија, а во Штип и Куманово беа уништени повеќе билборди на носителот на листата на коалицијата „За подобра Македонија“ во третата изборна единица, Илија Димовски, исто како и во Куманово каде носител во 2 ИЕ е Никола Тодоров.

Во прилог на вандалското однесување оди и индиферентноста на техничкиот министер за внатрешни работи и генерален сектетар на СДСМ, Оливер Спасовски, и молкот на Министерството за внатрешни работи, кое не излезе со никаква информација за идентитетот на сторителите кои во Струмица го уништуваа пропагандниот материјал на „Коалицијата за подобра Македонија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top