Пртизирана и политизирана е Привремената комисија за следење на медиумското претставување, обвини денеска членот на Комисијата Цветин Чилиманов. За ист вид на прекршоци, вели Чилиманов, едни телевизии редовно се казнуваат, додека на други телевизии им се прогледува низ прсти.
Со три гласа “за”, денеска Ад хок телото донесе одлука за поведување на прекршочни постапки во осмиот циклус на набљудување против телевизиите „Нова“ и „Алфа“ за наизбалансирано известување, додека со три гласа „против“ Комисијата го отфрли предлогот за поведување прекршочни постапки против ТВ „Телма“ и „24 Вести“, за истиот член од законот.
Комисијата вчера донесе одлука за поведување прекршочна постапка и против телевизија „Сител“, а беше отфрлено барањето за постапка против телевизија „Алсат“.
Членовите на комисијата Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова предложиле поведување прекршочни постапки против ТВ „Телма“ и „24 Вести”, но иако аргументите биле исти или слични како и за телевизиите за кои се изгласани прекршочни постапки, нивниот предлог не бил прифатен.
-Општ заклучок е дека во овој осми циклус и во претходните циклуси дојде до израз крајната партизираност и политизираност на оваа комисија. За ист вид на прекршоци, едни телевизии редовно се казнуваат, додека на други телевизии им се прогледува низ прсти, а денеска и официјално. Мое мислење е дека македонските медиуми генерално известуваат избалансирано, коректно, има даваат простор на сите партии кои што сакаат да ги претстават своите ставови до јавноста. Имаме често пати случаи на медиуми кои што се казнувани од страна на привремената комисија, од овие тројца членови кои што е предложени и одобрени од страна на СДСМ, затоа што наводно не изнеле доволно ставови на партијата СДСМ, потоа овие медиуми ни кажуваат дека упатиле покани и дека овие покани се одбиваат, на нив не се одговара, изјави Чилиманов.
Тој истакна дека во голем број телевизии имало дисбаланс во минутажата посветена на двете најголеми партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Тој посочи дека буквално биле во ситуација да казнуваат телевизии кои што ги покриле сите настани на СДСМ, но кога ќе се собере минутажата, тие не го достигнуваат потребниот квантум на минути за да има баланс со настаните кои што ги организирала партијата ВМРО-ДПМНЕ.
-Законот дозволува дека доколку една партија има далеку поголем интензитет на кампањата како што беше случај во овие десет дена, да не се поведува прекршочна постапка, во овој случај телевизиите не се виновни за тоа, но сепак, партијата СДСМ бараше нивно казнување. Имаме ситуација во која што членови на СДСМ бараат казна доколоку ставовите на Зоран Заев се пренесат на македонска телвизија, која што генерално се однесува на македонските гледачи, а не бараат казна доколку истите тие ставови се пренесени на телевизија која што доминантно албански гласачи. Значи, се прави обид дадена изјава да биде пренесена на дел од граѓаните каде што СДСМ оцениле дека ќе добијат поени, а да не им биде пренесана на други граѓани каде што СДСМ очигледно процениле дека ќе загубат со изнесувањето на оваа изјава, додаде Чилиманов.
Чилиманов истакна дека редовно одлуките за казни во Комисијата се носат со 3 гласа за, со гласовите на членовите Љубомир Костовки, Горан Трпеноски и Љуљзим Хазири.
Чилиманов и Димишкова и соопштиле на Агенцијата за аудио и аудиомедиумски услуги дека не се задоволни од начинот на којшто стручната служба во Агенцијата ги подготвува своите извештаи. Според нив, тие извештаи се исклучително детални и обемни за одредени телевизии и потоа служат како основа за нивно казнување, додека за сличен начин изнесени ставови и спакувани вести на други телевизии, извештаите се кратки и штури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)