Колумбиската полиција ја заврши акцијата за извлекување на жртви од авионот кој утринава се сруши пет минути пред планираното слетување во оваа земја. Експедицијата на фудбалскиот клуб Чапокоенсе беше дел од овој лет на патот кон финалето на Јужноамериканскиот Куп. Првичните информации велеа дека од десетмината префрлени во најблиската болница Меделин само шест биле преживеани.
Според најновите информации првиот голман на клубот, Данило, им подлегна на повредите. Тој беше најзаслужниот актер на полуфиналниот натпревар откако во 94. минута одбрани зицер со кој неговиот клуб се пласира во историското финале.
Бројката на преживеани се намали на пет и тоа вториот голман Џексон Фолман и Алан Рушел, потоа стјуардесата Химана Суарез, Ервин Тумири, техничар на авионот и новинарот Рафаел Хензел. Генералот Хозе Ацеведо Оса истакна дека акцијата е прекината бидејќи повеќе нема преживеани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.