
Сопругата на преживеаниот фудбалер Алан Русел се огласи на социјалните мрежи по повод стравичната несреќа која ги погоди патниците кога се урна авион во Колумбија, во кој бил целиот фудбалски тим Шапинкоенс.
На Аманда Рушел ѝ паднал камен од срцето кога слушнала дека нејзиниот сопруг Алан е меѓу петтемина преживеани, но 76-те загинати ја натераа да се обрати на следбенциите на социјалните мрежи со емотивна порака.
-Благодарам на Бог, Алан преживеа! Тој е сега во болница и неговата состојба е стабилна. Алан се моли за сите оние кои не преживеаја, како и за членовите на нивните семејства, Господ да им даде сила во овој тежок момент. На сите ни е тешко… – стои во порака на Инстаграм.

Само петмина преживеаја во незапамтената трагедија која се случи во Колумбија кај Медељина кога се урна авион со 81 патника и членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


