| четврток, 6 декември 2018 |

Поради ретко нарушување, млада Британка спие пет години

Џенин на почетокот мислела дека во прашање е само тинејџерска мрзеливост, но се вознемирила кога еден ден не можела да ја разбуди својата ќерка. По низата прегледи и испитување лекарите утвридиле дека Бет е сериозно болна

Пред пет години Бет Гудиер се подготвувала за прослава на 17. роденден. Но, еден ден заспала и не се разбудила во следните шест месеци.

Лекарите утврдиле дека оваа Британка, која денес има 22 години, боледува од Клајне-левиновиот синдром, ретка болест од која најчесто заболуваат тинејџери и со години остануваат врзани за кревет.

Според мајката на Бет, Џенин. оваа млада девојка го преспала 75 отсто од времето во изминативе пет години. Во долгите фази на сон од кревет станувала само за да јаде и за физиолошки потреби.

– Таа е во состојба на транс. Не е целосно свесна за нејзиното опкружување – изјави Џенин.

Во фазата кога е будна, Бет се труди да го надомести пропуштеното.

– Додека спие, се што можам да правам е да ја чекам да се разбуди. Не постојат лекови, а не можеме ништо да направите за да се разбуди. По некогаш ќе отвори очи и тогаш почнува трката со времето. Во периодот додека е будна многу се труди да ги стигне нејзините врсници. Но, двете знаеме дека во некој момент повотрно ќе згасне – вели мајката.

Џенин на почетокот мислела дека во прашање е само тинејџерска мрзеливост, но се вознемирила кога еден ден не можела да ја разбуди својата ќерка. По низата прегледи и испитување лекарите утвридиле дека Бет е сериозно болна.

– Најлошо е тоа што кога ќе се разбуди не знае колку време спиела. Најтежок момент беше моментот кога сите нејзините пријатели завршија средно училиште и се запишаа на факултет, а таа тоа го пропушти. Животот минува крај неа и ништо не можеме да направиме – вели Џенин.

Во Велика Британија од оваа болест страдаат стотици млади луѓе, на кои животите им минуваат во чекање, додека мистериозната болст не се повлече, што обично се случува до 30-та години од животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top