| четврток, 6 декември 2018 |

Голден стејт не дозволи изненадување, „вонземјанинот“ Вестбрук го освои Њујорк (видео)

rasel-vestbruk

Голден стејт по тешка битка славеше над Атланта со 105-100, за 12. победа во низа на „воините“, кои полека, но сигурно влегуваат во ритамот со кој минатата сезона ги демолираа своите противници. Овојпат Атланта се покажа како незгоден противник кој играше „тесен меч“ буквално до последната минута, но „јастребите“ немаа сили за изненадување. Триото Дурант – Кари – Томпсон постигна две третини од вкупните поени на Голден стејт, но како пресудна сепак се покажа играта во одбрана на Дрејмонд Грин, кој со две блокади во последната минута ги оневозможи гостите да стигнат до израмнување.

Расел Вестбрук ја продолжува својата импресивна форма како предводник на Оклахома сити, носејќи му на својот тим победа на гостувањето против Њујорк (103-112). Вестбрук оствари нов трипл-дабл, реализирајќи 27 поени, 18 скокови и 14 асистенции, а одлична игра прикажа и Кантер со 27 поени и 10 скокови. На досега 19 одиграни мечеви во НБА, Вестбрук бележи „трипл-дабл“ просек, што го прави најкомплетен кошаркар на денешницата.

НБА резултати:

Вашингтон – Сакраменто 101-95 (по прод.), Голден стејт – Атланта 105-100, Минесота – Јута 103-112, Мемфис – Шарлот 85-104, Торонто – Филаделфија 122-95, Њујорк – Оклахома 103-112, Мајами – Бостон 104-112.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top