Откако телохранителот на Бред Пит во изјави за тамошните медиуми открил дека славниот актер веќе неколку недели се гледа со една позната колешка, американските таблоиди тргнаа во „лов“ за да го откријат нејзиниот идентитет.
И се чини дека потерата е завршена, затоа што во текстот на сајтот „Вуменс деј“ извор близок до актерката открил за која холивудска убавица станува збор.
-Кејт Хадсон е мистериозната девојка на Бред. Последните недели тие двајца станаа многу блиски и излегоа неколку пати, Секако, во строга тајност. Имено во тоа нема ништо невообичаено, затоа што и Бред и Кејт се големи холивудски ѕвезди, двајцата се згодни и успешни и уживаат заедно да го поминуваат времето – тврди изворот.
Од друга страна, Крис Херцог, телохранителот на славниот актер не сакал да открие дали токму Кејт е „успешна холивудска актерка“ со која Пит веќе со недели се гледа, како што порано открил.
-Ја познавам Кејт веќе долга низа години и можам да кажам дека таа е одлична личност. Тие двајца би биле исклучителна двојка – кажал Херцог.
Сепак, како што пишува „Дејли мејл“, извор близок до холивудскиот актер негирал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.