| четврток, 6 декември 2018 |

Колку заштедувате на сметки живеејќи во Скај Сити?!

cevahir-2

Секој дом бара обврска, а кога станува збор за ефикасно и ефективно домување, во прв план се сметките и трошоците за живот.

Скај Сити во својот комплекс нуди една сосема нова димензија на живеење. Живот исполнет со практичност, прагматичност и придобивки. Станарите што ќе бидат дел од овој нов и модерен комплекс покрај висококвалитетните станови и беспрекорната функционалност на објектите, ќе можат и да заштедат од својот месечен и годишен буџет. Зградите на Скај Сити имаат енергетски ефикасна вентлирана фасада и трослоен вентилиран систем што нуди огнотопорност и супериорна топлинска и звучна изолација која придонесува за зачувување на топлината во домот. Кога станува збор за конкретна заштеда, станарите на располагање го имаат иновативниот VRF систем за греење и ладење којшто ослободува 4KW енергија за секој 1 KW потрошена енергија, со што пресметано, месечно заштедувате над 1700 денари за струја, односно над 20 000 денари годшино само од тој нов систем за греење и ладење. Она што е добро со овој систем е дека тој работи на еден клик на копче и може да се користи според потреба, што значи не плаќате за нешто што не користите. Со VRF системот се овозможува и топла вода секој ден во годината. Становите во комплексот немаат индивидуални бојлери за вода, туку таа се загрева на секој кат посебно и е достапна 24/7 низ целата година. Ова е еден од условите што Џевахир Скај Сити овозможува заштеда каде просечно 4 члено семејство месечно би заштедиле до 550 денари, односно над 6600 денари само од постојаната топла вода за туширање.

Луксузното живеење не значи скапо живеење. Придобивките од функционалниот начин на живот се оние кога знаете како да извадите максимум од она што ви е понудено и што го имате на располагање, а Џевахир Скај Сити ви нуди многу на тоа поле.

zastedete-so-cevahir

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top