| четврток, 6 декември 2018 |

Заостанатиот долг за вода и смет може да се плати на рати и без камата за задоцнето плаќање

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска, преку соопштение, испрати потсетување до граѓаните корисници на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, а кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), дека ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

-Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15. 10. 2018 година, заклучно со 3. 11. 2018 година. Физичките и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување договор до 24-месечни рати, во зависност од висината на долгот- наведуваат од „Водовод и канализација“ во своето соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top