Стигнуваат нови информации за падот на авионот со фудбалерите на бразилскиот клуб Чапекуенсе.
Добра вест е дека има преживеани, ама и понатаму не се знае колку луѓе точно настрадале од вкупниот број на патници и членови на посадата, кои биле 81. Првично се калкулираше со бројка од 63 мртви, но сега се верува дека нивниот број е поголем, околу 70 лица.
Среќа во несреќата било што при падот на леталото не дошло до експлозија која можела да доведе до целосна катастрофа.
Според најновите информации, шестмина патници ја преживеале несреќата, а меѓу првите кои спасувачките екипи успеале да ги извлечат од остатоците на авионот и да ги превезат до болница е и дефанзивецот Алан Рушел, играч со бројот 89, кој игра на позајмица од Интернационал од Порто Алегро.
Колумбиските медиуми откриваат и нови детали за причините за падот, па сега постојат индиции дека леталото не се срушило поради недостиг на гориво, туку поради расипани електрични уреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун