| четврток, 6 декември 2018 |

Последната фотографија од тимот: Тргнале да играат финале, ги снајде трагедија

cooopa__1480402387_80-80-44-214

Утрово веста дека авионот во кој патувал бразилскиот прволигаш Чапекоенсе се урнал во Колумбија го потресе светот. Леталото тргнало од Боливија, а се урнало недалеку од Меделин. Во авионот патувал целиот бразилски тим, кој требало утре да игра финале во Копа Судамерикана против колумбискиот Атлетико Национал. Вториот дуел од двомечот бил закажан на 7 декември.

Чапекоенсе е тим од Бразил основан 1973 година, а во 2014 година влезе во Првата бразилска лига. До финалето на Копа Судамерикана стигнале елиминирајќи го големиот Сан Лоренцо од Аргентина.

Инаку, фотографијата на која во преден план се членовите на стручниот штаб на тимот, а зад нив во авионот седат играчите, била направена непосредно пред полетувањето.

pad2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top