Напоредно со најголемиот митинг, на најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, се одржа собир и на македонската дијаспора од Локарно, Швајцарија во присуство на носителот на ИЕ 7, Рамазан Мифтароски, министерот за одбрана Зоран Јолевски, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Затуроски и претседатели на ЗК на ВМРО-ДПМНЕ, каде што беше преставена листата на кандидатите за пратеници на ВМРО- ДПМНЕ за ИЕ 7.
На собирот на македонската дијаспора од Локарно, Швајцарија, свое обраќање имаа носителот на ИЕ 7, Рамазан Мифтароски, членот на ИК Никола Затуроски и министерот за одбрана Зоран Јолевски, каде што се престави поврзаноста на Република Македонија и македонската дијаспора, борбата за македонската дијаспора да има право на свои преставници во македонскиот парламент како нејзин нераскинлив дел. На самиот собир со громоласни аплаузи од сите присутни беше дадена поdдршката на лидерот на најголемата политичка партија, Никола Груевски и листата на пратеници за ИЕ 7, подршка за унитарна Македонија, за просперитетна Македонија, за Македонија каде сите се чувствуваат рамноправно.
Гласно го изразија незадоволството од неодамнешните изјави за федерализација и двојазичност во Република Македонија искажани од Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дијаспората му порача на Заев: Треба да дадете неотповиклива оставка!
-
Огромен пад на гласачите во дијаспората: За референдум се регистрирале 3 проценти од гласачите, а од нив помалку од 1.000 луѓе гласале
-
Митингот на ВМРО ДПМНЕ во светските медиуми, „Вашингтон пост“ напиша: Протестот е почеток на крајот
-
Груевски: Како влада направивме многу за Струмица и Струмичко