При рутинска конрола на камион кој требало да отплови за Италија со траект, во албанскиот пристанишен град Драч полицијата заплени 700 килограми марихуана.
Дрогата била пакувана во 497 пакетчиња, скриени во камион „Ивеко“ натоварен со конфекциски производи. Притворено е лицето Л.С. од Скадар, возач на камионот.
Во меѓувреме грчката полиција во три одделни акции запленила над 210 килограми марихуана внесена од Албанија.
Првата акција е рализирана во близина на градот Јанина, при што се запленети 30 килограми марихуана и уапсени две лица, дваесет и едногодишен Албанец и дваесет и осум годишен Грк, кој управувал со возилото во кое била дрогата.
Во втората акција запленети се 64 килограми марихуана и уапсен е четириесет годишен Албанец.
Во третата акција, грчката полиција кај Игуменица запленила околу 120 килограми марихуана. Упасени се три грчки државјанки на возраст од 26, 33 и 41 година. Дрогата тебало да заврши на атинскиот нарко пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.