| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва „Кастинг талент шоу“ за улогите во мјузиклот „Тајно моја“

Новото македонско музичко шоу “Кастинг талент шоу” започнува во понеделник, 28 ноември во 21.30 часот на Канал 5 телевизија. Како што веќе објавивме, се работи за музички формат, организиран од страна на МОБ во копродукција со 3Д продукција и Канал 5 телевизија.

Целта на ова музичко натпреварување е да се изберат главните улоги за мјузиклот “Тајно моја” посветен на поп-ѕвездата Тоше Проески кој ќе се игра во МОБ. Идејата е добиена од музичките шоуа емитувани во регионот како “Идол”, “Икс фактор” итн.

Во жирито на шоуто ќе се појават Игор Џамбазов, Сара Мејс и Игор Дурловски. На првата аудиција кандидатите ќе пејат една македонска и една странска песна.

Финалистите на ова шоу ќе добијат работа во МОБ и ќе имаат можност да бидат подучувани од страна на македонски професионалци – музичари. Како што велат од Канал 5, како носител на ексклузивните права на емитување на шоуто, заедно со МОБ и 3Д Продукција, ќе понудат шоу со светски изглед кое треба да стане традиција и за следните мјузикли на МОБ.

Шоуто ќе се емитува од понеделник до петок во прајмтајм на Канал 5, аИгор Џамбазов, Сара Мејс и Игор Дурловски се членови на жирито (видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top