Неговата изградба веќе е започната во Индија, а по завршувањето ќе биде поголем од базиликата Свети Петар во Ватикан и ќе се протега на 20.000 квадратни метри. Вриндаван Чандораја Мандир ќе биде највисокиот хинду храм кој ќе биде висок 200 метри и ќе има повеќе од 70 ката. Неговата изградба веќе е започната во Индија, а по завршувањето ќе биде поголем од базиликата Свети Петар во Ватикан и ќе се протега на 20.000 квадратни метри. Освен централниот религиски облакодер и културен центар, комплексот ќе содржи и тематски парк.
-Во тематскиот парк ќе ги сместиме стандардните возења, посебни светлосни ефекти и ласери за на посетителите да им понудиме максимално уживање“, рекол за CИ – ЕН – ЕН Нарасимха Дас, шефот на проектот во изградба.
Изградбата веќе започнала во помалиот град на само десетина километри од митското родно место на хинду божеството Кришна.
Самата зграда со изгледот по малку потсетува на вселенски брод, а особено внимание привлекува со својата некарактеристична сина боја.
Посебен лифт ќе ги вози посетителите до врвот на зградата каде што ги чека видиковец од кој ќе може да ги гледаат околните места. За патувањето да не биде здодевно, посетителите ќе можат да уживаат во проекција на филм за историјата на вселената како што е запишана во ведската литература.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)