Вулканот Попокатепетл во Мексико по едногодишна пауза повторно се активираше и во последните два дена има над 300 ерупции со исфрлање на чад, пепел и карпи.
Припадници на цивилна заштита во Мексико беа распоредени во локалната област на Попокатепетл и направена е асистенција на повеќе жители на кои им треба евакуација. Исто така упатено е предупредување за жителите на околните градови дека се можни последици како исфрлање на камења од вулканот, па граѓаните да не стојат предолго на отворено.
Попокатепетл се наоѓа на 70 километри од Мексико Сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)