Многумина веруваат дека Роџер Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња. Но, неговиот скор против Надал и Ѓоковиќ ги враќа сомнежите кај сите критичари, кои веруваат дека токму поради нив Швајцарецот ја прекина доминацијата во светскиот тенис.
Во свое име зборуваше самиот Федерер, кој изјави дека и да не беа Надал и Ѓоковиќ, тој ќе имаше ист број на Грен слем титули.
– Искрено верувам дека ќе се појавеше некој трет, да не беа тие двајца. Не знак како да го објаснам тоа, но мислам дека би имал ист број на титули со или без нив. Сега тоа не е во моите мисли, бидејќи најважно ми е да се вратам на терените и да продолжам да уживам во она што сакам да го работам, а тоа е играњето тенис. Доколку продолжам со напорната работа и тренинзи би можел да се вратам побрзо од очекуваното – вели 35-годишниот тенисер од Базел.
Со оглед на годините не се очекуваат некои спектакуарни резултати од Федерер, но неговата класа би можела да му помогне да се врати на победничките патеки, барем уште неколку години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)