| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ ги предаде и ги понижи Македонците: Со Албанците заговара федерализација, од Србите украде програма

„Скапа магла за подобар живот“- вака некако би требало оригинално да гласи слоганот на изборната кампања на СДСМ која е целосно преземена од радикално десничарската партија Двери во Србија

Повеќе нема дилеми – не остана ниту сенка од партијата која некогаш била на власт во Македонија. Иако не ѝ донесе никакво добро на земјата кога ја водеше, јасно е дека уште долго нема да биде ниту сериозна опозиција, која ќе ѝ се спротивстави на власта со програма и мерки за подобрување на животот во Македонија.

sdsm dveri

Јасно е како ден дека СДСМ не се бори за победа на изборите туку за власт по изборниот пораз. Откако не успеа да го реализира налудничавиот план кризата во Македонија да ја одржува до недоглед, СДСМ се најде исправен пред предизвикот да состави програма со која треба да се претстави на изборите на 11 декември. Но, имајќи предвид дека благосостојбата, жедта за власт и реализацијата на личните интереси се во фокусот на оваа партија, а не народот, донесен до ѕид СДСМ успеа само да ѕирне во соседниот двор и да потпреведе дел од обемната програма на срспската радикална десничарска партија Двери.

СДСМ без компас – социјалдемократска партија настапува со десничарска програма

sdsm-dveri

Настрана предавничката политика за двојазичност и федерализација, со која СДСМ ги предаде Македонците, со украдената програма оваа партија им приреди и понижување на Македонците, на своите членови, на симпатизерите.

Отакако во врвот на партијата ги вдоми исламските радикали Едмонд Адеми и Мухамед Зекири, кои ја туркаат предавничката политика за поделба на Македонија, СДСМ не само што го користи истиот слоган („За живот Србије“) туку и најсрамно ја употребува истата иконографија, пораки, па дури и боите (црвена и бела). Безобразлукот на СДСМ оди до таму што  Заев и неговите безидејни соработници не се потрудиле ниту да ги разгледаат потребите на македонските граѓани за да ја состават програмата со која ќе ја бараат довербата на граѓаните. Наместо да напишат своја програма, очигледно многу полесно им било да ги препишат ветувањата на српска Двери, па оттука и може да се бара објаснувањето за нерационални и смешни ветувања.

dveriiii

Двери ќе тужи: Програмата е целосно наша

srgjan-nogo-1Првпат слушаме дека некоја партија во Македонија ја земала нашата кампања како своја. Ние ќе видиме за какво „позајмување“ се работи и кој го сторил тоа – дали опозициската СДСМ или некоја пиар-агенција што им ја работи кампањата. Потоа ќе видиме и дали може да тужиме некого и по која основа, изјави вчера за „Дневник“ Срѓан Ного, пратеник и функционер на српското движење Двери.

Ного вели дека е изненаден од преземањето на нивната кампања и на концептот што го примениле како на неодамнешните априлски, така и на изборите кои во Србија биле одржани во 2014 година.

Немаме никаква комуникација со најголемата македонска опозициска партија, ниту некој од нив ни се јавил за да се консултираме за дозвола за користење на нашата кампања. Не ми е јасно дали тие сами ја презеле или им ја предложиле експертите што ги ангажирале. Инаку, концептот на кампањата чие централно мото е „За живот во Србија“, „Да го вратиме животот во свои раце“, со користењето плакати зад партиските говорници е целосно наше партиско дело, наведува Ного за Дневник.

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што го отфрлија Србите, Заев им го сервира на Македоците

sdsmdveriВладејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини СДСМ дека целосно ја украле кампањата на српското ултрадесничарското движење. Освен ова, се тврди дека постојат и неколку совпаѓања кога станува збор за изборни ветувања.

СДСМ повторно излезе со памфлет во кој се нуди сѐ и сешто само за да добијат некој глас повеќе. Српските ултрадесничари излегоа со ветување за реформа во изборниот законик како што излезе и Зоран Заев. Српските ултрадесничари најавија преиспитување на новите правосудни професии како нотари и извршители, а што го направи и Заев. Заев најави и зголемување на даноците, исто како што ветуваа и српските десничари. Истите флоскули кои ги користи Двери, ги користи и СДСМ, за тоа дека „Нема живот без слобода“, „Да ја вратиме државата на народот“, изјави вчера Драги Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Заев и СДСМ се обидуваат да ги измамат македонските граѓани и да им наметнат нешто што е веќе отфрлено како платформа во Србија.

Скапа магла за подобар живот во Македонија

Скапо платената, а веќе видена кампања во Србија, само ги потврдува информациите на Репубика дека СДСМ работи под инструкции на продавачите на скапа магла од Србија. Белградските инструктори редовно доаѓаат во Скопје, на Бихаќка, а резултатот од нивната работа го чувствуваме сите – тие се автори на кампањата на СДСМ, но истовремено учествуваа и во организирањето на немирите преку таканаречената Шарена револуција.

118f68c92aec21432fca283f02611387

Иван Бендер, Милјан Шчекиќ и уште еден познат естраден менаџер, кои важат за контроверзни лица во Србија вплеткани во серија на корупциски скандали, на Зоран Заев му продале кампања и слоган целосно украдени од српската партија.

naslovna167-1-520x748

Станковски: СДСМ покажува неспособност, глупост и потценување на колективниот интелект на граѓаните

Аналитичарот Ацо Станковски смета дека со ваквиот потег СДСМ само дополнително ги потцетнува граѓаните и ја навредува нивната интелигенција.

sdsm-dveri

  • Во репертоарот на недоличности и лаги што во своето политичко делување го форсираше најголемата опозициона партија СДСМ еве сега во времето на предизборната кампања тие повторно прават уште еден непријатен чекор што дополнително го исполнува македонскиот електорат со презир и индигнација. Одново гледаме како сите тие експерти од „најсофистицираната“ партија во Македонија (кога би се шегувале) покажуваат неспособност, глупост и што е најважно потценување на колективниот интелект на македонските граѓани. Овој пат тие посегнаа по подмолно копирање (ама буквално) на слоганот на српската партија Двери –„За Живот“ што го користеше на последните парламентарни избори кај северниот сосед. И тоа со „просјачки“ резултат што едвај им обезбеди цензус за влез во „Скупштината“. Плагијатот е индикација за некреативност, а бесрамноста што оди со него покажува и аморалност и бессовесност. Ова не им е прв пат. Плагијатите кај СДСМ се редовна појава и што се однесува до нивните предизборни кампањи но и до сите оние модалитети на протести што ги користеа во изминативе години. И повторно безуспешно и со катастрофални резултати по нив. Така ќе биде и овој пат но со уште поголема разлика за коалицијата на ВМРО. Зошто овој пат залогот е државата, а изборите добија референдумска магнитуда. Да се зачува македонската држава, тоа е предизвикот за македонските граѓани во овој многу важен историски момент, вели Станковски за Република.

Србов: На површина излегува безидејноста на СДСМ

0-02-05-c87b002f2eabe0fc4a69ba2be29a4d97f026b219988f768a57991f194380fe09_full-0

Аналитичарот Никола Србов пак смета дека немањето своја програма е само индикатор дека Зоран Заев верувал во насилно преземање на власта, а кога стана се поочигледно дека ќе мора да се соочи со граѓаните решил да си купи пакет програма и кампања.

-Повторно на виделина излегува безидејноста на СДСМ, таму ништо не е променето. Бранко Црвенковски ја купи „Надеж“ со пари од граѓаните, Зоран Заев купува насилни сценарија за уривање на уставниот поредок, тесно соработува со подземни кругови, создава криза во државата и насилството ни го пласира како „конвенционален“ начин за доаѓање на власт. Фактот дека Заев не се потрудил да напише програма прилагодена за македонските граѓани и македонското општество е доволен индикатор дека верувал во насилното преземање на власта во Република Македонија, кога оваа идеја на Заев се урна пред граѓаните и политичкиот противник кој не наседна на сценариото, кога стана се поизвесно дека ќе мора да се соочи со својот народ на избори, Зоран Заев се решил да си купи пакет програма и кампања. Мислам дека и членовите во СДСМ веќе се откажаа од ваквата политика на Заев, свесни се дека не може да ги води човек кој не е способен барем да се обиде да напише една програма и човек кој е затворен во еден тесен круг со свои сопартијци и луѓе од балканското подземје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top